
Анастасија Сентовска е најдобар стрелец во Првата лига
Со задоволство сакаме да ви го претставиме нашето прво засилување за оваа сезона, Дона Марковска.
Дона ни доаѓа од Охрид и настапува на голманската позиција. Таа претходната сезона настапуваше за екипата на ЖРК Пелистер 2012 , а претходно има настапувано за својот матичен клуб РК Сани од Охрид. Дона исто така има настапувано за Женската младинска репрезентација на Македонија на Светското Првенство во 2022 година и за Кадетската репрезентација на Македонија во 2023 година.
И посакуваме топло добредојде и многу успеси во нашиот клуб.




